Monday, November 18, 2013

Музика и Политика оди на Водно




Водно, белите дробови на Скопје. Единствениот излез на чист воздух од загадениот град во кој живееме. Планина која за многумина од нас значи спас, но и брзо бегство од градот, поточно спојување со природата. Во последно време сведоци сме на чудни појави во врска со оваа планина и масовно повеќестрано манипулативно и преќутно уништување на парк шумата Водно. Тоа НЕ смееме да дозволиме да продолжи.
За таа цел, на иницијатива на неформална група граѓани под називот Да го спасиме Водно, вчера се одржа и протестен марш за спас на Водно, кој имаше за цел да ја рашири веста за урбанизацијата на Водно до граѓаните на Скопје и да се спротивстави на насилната урбанизација на белите дробови на Скопје. Што се случуваше на овој марш, што ќе се случува понатаму со оваа планина и дали ќе се издејствува Водно да не се претвори во ресторански комплекс, паркинг, елитна населба, телекомуникациска кула со штетни зрачења или било каков друг урбан проект за остварување профит, ќе дознаеме вечерва во разговорот со дел од екипата за „Спас на Водно“.

ВОДНО е и ќе остане симбол за бегство од асфалтната џунгла во Скопје.

Понеделник, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment