Monday, November 11, 2013

Автономен Културно Социјален Центар во Музика и Политика


„Автономен! Слободен! Не-комерцијален! Културно-социјален центар - конечно и во Скопје!“ Така гласи воведот во описот на овој нов простор за уметничко и општествено-ангажирано промислување и делување. Центар кој ќе биде алтернативен простор за уметничко, креативено и социјално делување на независната култура. Слободна зона за критичко размислување, дебатирање и активизам, воедно и за конретни акции како Филмски проекции, поетски читања, истражувачки проекти, јавни дебати, изложби, уметнички перформанси, работилници за деца, готвење, размена на литература и други иницијативи за послободно, похумано и покреативно општество.

АКСЦ ќе работи без профит. Направи сам, волонтерски, ентузијастички и без финансии, но со срце. Центарот ќе биде отворен за сите граѓани и секој има право да предложува идеи. Начинот на функционирање е без авторитети и хиерархија, по хоризонтална основа и според принципите на еднаквост, директна демократија, доверба, солидарност и заемно помагање. АКСЦ е пријател на сите продуктивни идеи и вредности, на различни политички и идеолошки ставови, на послабите и маргинализираните, на борбата за човекови права и борбата за подобро и поправедно општество, АКСЦ е всушност креативен отпор кон системот и формите на политичка и економска моќ.

Вакви пракси на самоорганизирање се нормална потреба при градењето на независната сцена и постојат насекаде во светот, а по децениска борба, загушени од институциите, меинстрим медиумите и доминацијата на менталитетот на егото, конечно ја извојувавме и кај нас. Дел од екипата вклучена во центарот на гости во Музика и Политика.  

Понеделник, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment