Monday, November 4, 2013

Музика и Политика за и околу веганството и експолатацијата на животните




Денешното издание на емисијата ќе го посветиме на вегетаријанството, веганството и сличните пракси и начини на живот кои подразбираат заштита на животните и животната средина. Исто така ќе го опфатиме и овогодинешното издание на Скопје Веге Фест, првиот фестивал кој промовира веганска исхрана во земјата, кој се одржа на 19 и20 октомври 2013 година, во организација на Анима Мунди. Покрај дегустацијата на веганската храна и рaзмена на вегански рецепти, со овој фестивал се одбележаа и неколку датуми меѓу кои светскиот ден на вегетаријанството, светскиот ден на фармските животни, светски ден на веганството и светски ден на храната со осврт на овогодинешната тема „Sustainable food systems for food security and nutrition”, на кои ќе посветиме дел од емисијата. На сите овие теми ќе проговориме со нашата денешна гостинка Радмила Пешева од Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ, здружение создадено да иницира заложба и јавна борба против секој вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот, но и промена на човековата свест и ширење свест за вистинската природа на животните како битија кои чувствуваат болка, патење, страв, што исто така ќе бидат теми на нашиот денешен разговор.

Пред, за време и по разговорот ќе слушаме и пренос од еден навистина возбудлив проект на Mobile Radio, кој се состои од 12 часовен пренос на ферментација на вино од винарската визба од долината Mosel. Секоја есен илјадници винарски визби од долината Mosel, најголемиот винарски регион во Германија, се претвора во прекрасна звучна инсталација. Свежо исцедениот сок ​​од грозје почнува да ферментира во бурињата од кој излегуваат меурчиња гас преку стаклените цевки. Mobile Radio постави стерео микрофон во винарската визба на био-динамичките винари Рудолф и Рита Тросен во селото Kinheim да ги фатат и емитуваат овие звуци од ферментацијата, од 8 наутро до 8 часот навечер, почнувајќи од овој понеделник, за да ја документира работата на квасецот кој го претвора сокот во вино.

Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment