Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но, режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи, и само драконски казни можат да го спроведат. Глобалните корпорации кои профитираат од авторските права лобираат за драконски казни, и за зголемување на нивната моќ и потиснување на јавниот пристап до технологијата. Но ако сериозно сакаме да ја почитуваме единствената легитимна цел на авторските права, а тоа е да се промовира напредокот, тогаш за доброто на јавноста мораме да направиме промени во спротивната насока.
Токму за овие проблеми ќе говориме во новото издание на "Музика и политика" кога како гости во емисијата ќе ги имаме Слободен софтвер Македонија, кој на 3 јуни 2010 го организираат гостувањето на Ричард Сталман во Скопје, кој ќе го одржи предавањето насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks“.
Со нив ќе проговориме за авторските права и за тоа како низ историјата се зголемува опфатот на авторските права. Ќе навлеземе во историјата на авторските права - како започнале и до каде се стигнати денес, конечно што тоа значи за денешните услови.
Thursday, May 27, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment