Во вечерашната емисија Музика и политика со гордост ги најавуваме двата долгоочекувани артисти:
AXIOTOMIC (Скопје)
Доријан Јовановиќ со својот електронски проект AXIOTOMIC, во простор помеѓу импровизација, дарк амбиент и минимал. Очекувајте нов материјал во вечерашниот сешн.
+
JULIEN BAILLOD (Швајцарија)
Julien Baillod е швајцарски композитор и гитарист роден во 1972 година. По свирењето во различни пост-рок и џез-панк бендови, сега работи на различни сцени, од пост-рио до современа електронска авангарда. Во моментов работи на неколку проекти и соработки, меѓу кој соработките со Albert Marcoeur (F) ./morFrom/. (CH/NL), Ensemble Raye (CH), итн .. Био е едeн од соло проектите на Julien на кој работи од 2000 година. Овој проект говори за времето, ерозијата, спомените и реминисценциите на избришаните траги. Градење на сегашност од изминати настани. Градена врз основа на гитара и бавни бескрајни дилеи, музиката на Bio е контемплативна и хипнотичка, осцилирајќи помеѓу сладост и горчина, смиреност и анксиозност. Можеме да ја квалификуваме како pre/post drama музика. Mузичките форми на Bio може да ги споредиме со звукот и манипулациите на Ино, иако е дефинитивно современa во своето значење. Различни елементи се рециклираат одново и одново, често до полна деградација полека обликувајќи нова подлога за нова креација. Тој компонира за театар, танц и филм, а вклучен е и во современата уметност создавајќи звучни инсталации.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment