Monday, May 10, 2010

202PROJECT (fr), JULIEN BAILLOD (ch) & 111 (mk) + VJ Data @ МКЦ

Младинскиот културен центар ја отвора сезоната на "avant-garde" вечерите во Фросина. На 16ти мај во 20 часот настапуваат:

202PROJECT (Франција)
JULIEN BAILLOD (Швајцарија)
111 (МКД)
+ VJ Data (МКД)












202PROJECT / Jean Pierre Marsal
202project е човек бенд кој создава музика од 1996 година. Тој е едно од оние деца кои започнуваат бенд без воопшто да допрат инструмент. Набрзо започнува да свири во бендови и проекти, свири на гитара, пее, пишува поезија, но исто така свири клавијатура, семплува... Со 202project тој развива свој сопствен јазик со мешање блуз, електроника, бучава и експериментирање во секој можен правец, но во исто време одејќи по ист пат. Ѕид од звук и љубов. Првата 202project плоча беше издадена за Tool Box во 2003 година, a во 2005 се приклучува на Briefcaserockers (ЛА) за да ги напушти во 2008... До сега 202 има изработено повеќе од 280 песни, вклучувајќи соло албуми и колаборации. Го посетува Скопје како дел од европската турнеја.



JULIEN BAILLOD
Julien Baillod е швајцарски композитор и гитарист роден во 1972 година. По свирењето во различни пост-рок и џез-панк бендови, сега работи на различни сцени, од пост-рио до современа електронска авангарда. Во моментов работи на неколку проекти и соработки, меѓу кој соработките со Albert Marcoeur (F) ./morFrom/. (CH/NL), Ensemble Raye (CH), итн .. Био е едeн од соло проектите на Julien на кој работи од 2000 година. Овој проект говори за времето, ерозијата, спомените и реминисценциите на избришаните траги. Градење на сегашност од изминати настани. Градена врз основа на гитара и бавни бескрајни дилеи, музиката на Bio е контемплативна и хипнотичка, осцилирајќи помеѓу сладост и горчина, смиреност и анксиозност. Можеме да ја квалификуваме како pre/post drama музика. Mузичките форми на Bio може да ги споредиме со звукот и манипулациите на Ино, иако е дефинитивно современa во своето значење. Различни елементи се рециклираат одново и одново, често до полна деградација полека обликувајќи нова подлога за нова креација. Тој компонира за театар, танц и филм, а вклучен е и во современата уметност создавајќи звучни инсталации. Тој е во посета на Скопје како дел од неговата европска турнеја.



111
111 е дуо, никогаш трио... на трагите на традиционалната психоделија од 60тите, фрик џезот и пост-рок филозофијата, 111 создаваат амалгам од несекојдневни звуци. Инструментално ангажирано, дрско и против гравитацијата и логиката! Свирење од стомак. 111 се Горјан Донев на алт саксофон и Саша Павловиќ на бас.



VJ Data
ВиЏеј Дејта, шаманот на компресираните видео записи, по неколкугодишните настапи низ Африка реши да дебитира и на Европскиот континент. Ќе се претстави со спонтан и моментално инспириран, но сепак воздржан Видео Сет и Светлосни Ефекти. И Би Светлост.

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
ДОНИРАЈТЕ ГИ АРТИСТИТЕ!

No comments:

Post a Comment