Monday, February 3, 2014

AMARC international и FAO за семејното земјоделие


Денес ќе преслушаме дел од кампањата International Year of Family Farming покрената од страна на AMARC international и FAO. Се работи за употреба на радио станиците на заедниците (community radio), како платформа за споделување информации со земјоделските/фармерските заедници за нивно вклучување во понатамошна дискусија во врска со клучната улога која ја игра семејното земјоделие (family farming) во економскиот и општествениот развој.
Ќе се запознаеме со самата кампања, ќе го дефинираме поимот семејно земјоделие и ќе преслушаме интервјуа со индивидуални земјоделци кој доаѓаат од различни делови на светот, претставувајќи ги своите искуства.
Понеделник, 22 часот на Канал103. 

No comments:

Post a Comment