Monday, March 18, 2013

Студентите за студентскиот живот во Музика и Политика

Студентски живот, студентски проблеми, студентска интелектуала… Теми за кој многу малку се говори по медиумите. Дали постои студентско гласило? Дали студентите воопшто имаат глас и доколку имаат, дали воопшто некој го слуша? Каков е животот во студентските домови во Скопје. Од време на време излегува по кој текст или видео за конкретно овој проблем. Прикажаното не нуди убави асоцијации...

Вечерва во емисијата Музика и Политика на гости имаме членови од студентското списание Излез (кое патем го доживува своето 10то издание и својот тригодишен јубилеј), а со нив ќе проговориме за темите поврзани со студентскиот живот.

Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment