Monday, March 25, 2013

По патот на еден збор – промаја




"Провев не е провев на Балканот. Туку промаја. Овој звук е истражување, истражување направено како промаја, промаја која се движи од јазик до јазик, од земја до земја, треска врати, барајќи одговори низ брановите или во рамките на научната заедница. Мулти-јазик, звучен експеримент од Беатрис Андре."

Денес во Музика и Политика на гости ќе ја имаме Beatrice Andre. Звучен артист од Франција која веќе извесно време живее и работи во Скопје. Пред 2 месеци ја изработи емисијата "По патот на еден збор – промаја" за RADIA.fm мрежата како гостин артист на Канал 103. Ќе проговориме за оваа емисија, за нејзината работа како звучен артист, ќе преслушаме дел од нејзините креации, а и од креациите на RADIA.fm, радио мрежа која поопстојно ќе ја претставиме во некоја од наредните емисии (засега слушајте ја на Канал103 секој вторник од 23ч.).

Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment