Monday, February 4, 2013

Datscha Radio, а garden in the air во Музика и Политика


Како и минатиот така и овој понеделник Музика и Политика ќе ја посветиме на звучната и радио уметноста. Во денешната емисија ќе го претставиме проектот Datscha Radio во поднаслов ‘A garden in the air’, радио кое се наоѓа во една од ретките градини преостанати во срцето на Берлин - Rosenthal. Datscha Radio претставува градина за слушање и меѓународна соработка која ги опфаќа сите сетила, а се емитува директно од една типична Берлинска  градина. Тоа е уметнички и културен проект, комбинација на градина и радио технологија која допира многу граници меѓу реалното и имагинарното, помеѓу материјалното и визионерските светови. Datscha Radio постои во градината, работи во градината и емитува од градината, перципирајќи ја градината во контекст на акустичен пејзаж (звучна уметност, теренски снимки), во контекст на локална политика (прашања на заедниците), како личен простор за живеење (работа и одмор), како дискурс (урбано градинарство, филозофија на градината), архитектура и поезија, интервјуа и разговори... Додека го слушате радиото ќе го слушнете гласот на градинарите и соседите, уметниците (кој работат на различни теми со акцент на градинарството/природата), гости и куратори... И како секој добар градинар споделувајќи ги неговите највредни плодови со соседите, Datscha Radio соработува со други радио станици. Токму затоа Datscha Radio во соработка со Канал103, за ова прилика овозможи да преслушаме дел од продукцијата која беше претставена на ова радио, специјално создадена за потребите на овој проект од веќе етаблирани радио артисти, како Тетсуо Когава, чие парче меѓу другите ќе го слушаме денес од 22 часот на 103тата фреквенција.  

No comments:

Post a Comment