Monday, January 28, 2013

Soundwalk Collective во Музика и Политика


Веќе минатата година, во емисијата Музика и Политика го претставивме извонредниот соничен документарец ARCTIC TACTICS кој ги истражуваше политичките, економски, геостратегиски и урбанистички прашања на современиот Арктик. Денес исто така ќе патуваме во далечни региони, овој пат преку радио есејот Ayahuasqueros на Soundwalk Collective.
Soundwalk Collective е меѓународeн sound-art колектив, звучни номади кој од 2000тата патуваат низ звучните пејзажи кој опфаќаат територии од пустата земја на Bessarabia, се до пустината на Rub al Khali. Со истражување и документирање на светот околу нив низ неговите звуци, рекомпонираат наративни звучни парчиња и фрагменти од реалноста со кој составуваат целосни звучни патувања.
Во мај 2012 година Soundwalk колективот патува во срцето на перуанскиот Амазон да го документира древниот ритуал на Ayahuasquero, мајсторот шаман и лекар со растителни билки. Во овој ритуал, шаманот консумира пијалак направен од Ayahuasca, света лозата на амазонски џунгла или "лозата на душите". Пијалакот предизвикува моќно психоделично искуство што побудува визуелни и аудитивни халуцинации... Ова звучно парче на Soundwalk колективот ја документира оваа древна пракса преку звучните пејзажи на Ayahuasquero, каде магичната песна ‘icaros’ станува висцерална и се  претвора во прогонувачко аудитивно искуство.
Во денешното издание на емисијата ќе слушнеме во целост едно од нивните патувања, токму радио есејот Ayahuasqueros од Jeremy Narby,  креиран врз основа на теренските снимки направени во Амазаон, Перу во 2012 од страна на  Francisco Lopez, во соработка со Victor Nieto и Ushamano Walter Martinez, и микс на Dug Winningham.


Soundwalk Collective утре го забележуваат и својот настап во живо на Club Transmediale фестивалот во клубот Berghain во Берлин. 



1 comment:

  1. Прекрасно беше синока... одамна немам заспано со нешто толку УБАВО за слушање...Ви благодарам! Преубаво.

    ReplyDelete