Sunday, February 26, 2012

ARCTIC TACTICS во Музика и Политика

Музика и Политика во овонеделното издание ќе го претстави делото ARCTIC TACTICS на авторите Magali Daniaux и Cédric Pigot. Arctic tactics е соничен документарен филм кој ги истражува политичките, економски, геостратегиски и урбанистички прашања на современиот Арктик. Уметничкото истражување се одвива во Киркенес, град лоциран на Барентово море на границата со Русија. Барентовиот регион е дел од политичкиот "пронајдок" кој поврзува четири нации: Норвешка (северен дел), Шведска, Финска и Русија (северо-западниот дел). Областа страда од голем број на "горливи прашања", како што се контролата на нафтоводот, економските можности, климатските промени... За време на посетата на Barent Spektakel фестивалот кој се случува секоја зима во Киркенес, уметниците снимиле голем број на конференции и интервјуа со архитекти, новинари, дипломати, уметници и културните работници. Снимениот материјал е монтиран заедно со теренски снимки од арктичката природа!

Кратка биографија на авторите: Magali Daniaux и Cédric Pigot соработуваат уште од 2001 година. Стационирани се во Париз. Заедно разработуваат полиморфни дела ориентирани кон експериментирање. Нивната пракса подразбира визуелни уметности, видео, интердисциплинарни истражувања, звучна уметност и проза. Изложувале на многу самостојни и групни изложби низ цела Европа.

www.daniauxpigot.com / www.mottoandtheparadox.com/

За делото:

снимено во Киркенес, Северна Норвешка, граница со Русија;

Barents Spektakel фестивал,

фебруари 2011; -25°;

траење 46 мин

http://www.daniauxpigot.com/arctic/arctic-tactics.html

No comments:

Post a Comment