Thursday, March 4, 2010

Music'n'Politics download

Конечно, за сите љубители на добрата музика и добриот збор низ етерот, најдобрата емисија која зрачи од сто третата фрекфенција MUSIC'N'POLITICS ја добивате во форма на архивирана mp3 снимка. Традицијата да ги добивате и слушате нашите емисии во форма на mp3 фајл ќе продолжи и во иднина (но ве молиме тоа да не ви прејде во навика). Конечно, неодговорните, оние кој сакаат да го потенцираат своето знаење, оние со префинет вкус, колекционерски афинитети и оние кој ја вреднуваат историјата, додека го пијат својот утрински чај, ќе можат да ја симнат емисијата што можеби ја пропуштиле минатата вечер, а веќе следниот миг додека патуваат кон своето работно место или факултет, уживаат во истата. Вие бидете трпеливи до наредниот понеделник кога MUSIC'N'POLITICS ќе ве дарува со уште многу радост и убава музика, а во меѓувреме (оваа сабота) споделете ги своите радосни моменти со нас во реално време во Ла Кања, кога и во живо ќе можете да позборувате со вашите омилени радио водители на вашите омилени политички теми.

Ви благодариме на вниманието.

Download mp3 HERE 128Kbps, 02:52:29

MUSIC'N'POLITICS ARHIVA

No comments:

Post a Comment