Wednesday, March 24, 2010

ВЕСТ прашува...

ТРИ ПРАШАЊА ЗА: МУЗИКА И ПОЛИТИКА









"Музика и политика" е нова концептуална и некомерцијална радио емисија на "Канал 103" реализирана од Тони Димитров и Саша Павловиќ која оди секој понеделник од 21 ч. до полноќ (може да се слуша на www.kanal103.com.mk). Емисијата за кратко време прерасна во концепт врз чија тема се организираа неколку музички вечери, дружења и концерти во "Ла Кања" и "Инди паб".
Разговаравме со Тони Димитров.
* Што е "Музика и политика" и која е идејата зад концептот?
- Како и самото име кажува, концептот опфаќа две најбитни перспективи на живеењето кој не окупираат и интересираат музиката и политиката. Перспективата на музиката опфаќа избор на најсовремената музика од сцената на нова музика и темелните вредности од историјата на музиката. Додека аспектите на политиката опфаќаат дискусија за и околу политиката во најопшта смисла на зборот и во сите облици на нејзиното манифестирање, без разлика дали е тоа глобална политика, политиката во музиката или пак тоа се потребите за глобалните промени во системот за кој луѓето стануваат свесни се повеќе и повеќе овие денови и за кој реално има потреба.
* Постои ли корелација помеѓу музиката и политиката кај нас. Кој аспекти ги акцентирате во емисијата и на вашите настапи?
- Секаде постои таа корелација, а можеби кај нас сето тоа е и поизразено, затоа што и политиката е доста изразена, иако на еден деформиран начин. Оттука и таа корелација е искривена. Акцентот е ставен токму на критиката на сцената и сите аномалии кој се појавуваат толку интензивно кај нас, што се особено видливи и на тие настапи.
* Каков е досегашниот фидбек; дали има прстор за доразвивање на концептот и во кој правец евентуално?
- Фидбекот е изненадувачки добар кај публиката, а концептот дури сега ќе се развива. Идејата е конечно во етерот да има дискусии на теми за кој денес не се дискутира на тоа ниво, а кој се поврзани со работите кој не засегаат секојдневно. Значи отворен простор за дискусии каде со гости од најразлични области и профили ќе провоцираме теми од круцијално значење за современото живеење. На музиката секако ќе се стави посебен акцент, како најбитно нешто и ќе биде отстапен завиден дел од трите часа.
* Повеќе за "Музика и политика" на http://musicandpolitics103.blogspot.com

Иван Илиев, ВЕСТ

ВЕСТ текст

No comments:

Post a Comment