Tuesday, April 29, 2014

Тоа е се народе


Драги слушатели, по 164 емисии, претставување на 100тина гости, уште толку проекти, разговори на различни теми, концерти во живо, променети неколку концепти и пуштено неброено нова музика, ве известувам дека емисијата Музика и Политика веќе нема да се емитува на брановите на музичкото радио Канал 103. Емисијата во последната своја инкарнација обработуваше горливи прашања од социјалниот, културниот, политичкиот и економскиот живот на современиот човек, преку гостувања и разговори со значајни гости од јавниот живот. Доклку постои можност, услови и потреба, во иднина емисијата ќе се појави во нов облик или на ново место. Минатите емисии се уште можат да се најдат во архивата, а фејсбук страната ќе биде повремено апдејтувана возбудливи линкови. 

Ви благодариме на вниманието и до слушање.

No comments:

Post a Comment