Др. Слаѓана Велков веќе извесно време присутна по медиумите отворено презентирајќи теми кои би можеле да ги окарактеризираме како контроверзни. Со своите ставови ја брануваше јавноста, пред се научната, воедно ги меинстримизираше овие теми и прашања кои досега пејоративно се нарекуваа „теории на заговор“.
Денешната емисија е само вовед и почеток во серијата разговори во кои ќе обработиме неколку навистина провокативни и контроверзни прашања поврзани со медицината, здравјето, храната, отровите, кои и досега сме ги обработувале од други аспекти, но на кои сега ќе им дадеме една сосема нова перспектива. Во понатамошните изданија на овие разговори ќе ни се приклучат и други гости кои се бават со овие и слични теми и ќе се обидеме да разоткриеме дали се тоа навистина заговори или тенденциозно оцрнети вистини. Останува сепак на вас (и вашиот здрав разум) да процените или да продолжите да верувате на официјалните научни „истражувања“ покренати од корпорациите и системот.
Воведот во оваа серија го започнуваме со едноставни прашања: Како да го сочуваме здравјето и долговечноста? Како да ја задржиме младоста и убавината што подолго? Овие едноставни прашања си ги поставуваат луѓе ширум светот, мажи и жени, богати и сиромашни, филмски ѕвезди и обичните смртници. Одговорот на ова прашање е навидум едноставен. Ни треба доволно сончева енергија: од жива растителна храна директно од сонцето, вели д-р Слаѓана Велков. Ќе видиме зошто сме болни и како да станеме повторно здрави.
Др. Слаѓана Велков студирала медицина во Ниш и Скопје, работела во областа на медицината, но последниве неколку години се занимава со бесплатна едукација на луѓето за нивно самоизлекување со правилна исхрана и начин на живот. Има одржано преку 300 бесплатни предавања, радио и ТВ гостувања во Саудиска Арабија, Индија, Србија, Македонија, Кувајт, Шпанија, Австралија и Бугарија.
Понеделник, 22ч., Канал103
No comments:
Post a Comment