„Индустриската револуција и нејзините последици беа катастрофални за човечкиот род.Тие значително го зголемија животниот век во „развиените“ земји, но го дестабилизираа општеството, го направија животот неисполнет, ги подложија луѓето на големи понижувања, доведоа до широко распространето психолошко страдање (во Третиот свет и физичко) и му нанесоа значителна штета на природниот свет. Понатамошниот развој на технологијата само ќе ја влоши состојбата. Тоа ќе ги доведе луѓето до уште поголеми понижувања и ќе му нанесе уште поголема штета на природниот свет, најверојатно ќе доведе до уште поголемо општествено пореметување и психолошко страдање, а можеби ќе доведе до зголемено физичкото страдање дури и во „развиените“ земји“.
Ова е извадок од текстот ИНДУСТРИСКОТО ОПШТЕСТВО И НЕГОВАТА ИДНИНА или Манифестот на Унабомберот (Unabomber Manifesto) на Теодор Качински, жива урбана легенда, терорист, анархист, примитивист, професор, гениј и милиони други етикети кои се прикачени на неговото име од страна на јавноста и општеството. Се работи за контроверзен текст објавен во New York Times, под услов дека само доколку се објави, тој ќе престане со бомбашките напади упатени најчесто кон личности и катедри за истражување на неколку познати универзитети, компании за развој и дистрибуција на дигитална технологија, биотехнолошки лаборатории, авиокомпании и рекламни агенции. Во овие напади убиени се три, а повредени преку 23 личности, претежно експерти и техничари. Се работи за моќен критички текст насочен против индустриското општество, технологијата и модерната левица.
Конечно овој есејот доживеа и македонски превод, а за неговото значење ќе разговараме со самиот преведувач Горан Аргировски.
Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103