Monday, July 1, 2013

Претставување на проектот Soundscape workshop: Nature meets technology pt. 2

По завршувањето на работилницата за звук во природна средина Nature meets technology pt. 2, која се одржа овој викенд во селото Лазарополе, ред е да го претставиме концептот на овој проект, а воедно да претставиме и дел од артистите кој ги имаме на гости и секако нивната работа. Во студиото ќе ги имаме белградските мултимедиални артисти Игор Штанглицки и Марко Јевтиќ, кој ќе проговорат за својот амбиентaлен звучен проект StJv, а и Владимир Мановски, истражувач на звук, кој ќе ги претстави проектите на кои работи, како звучната мапа на Дорќол, радиото NOFM.rs и други. Помеѓу сето тоа секако ќе слушнеме и парчиња од резултатите од работилницата, а и нивна музика со која ќе се претстават и на нивниот концерт во Скопје (на 2 јули 2013, 22 ч. во арт кафе МЕНАДА). Kонцертот претставува заокружување на проектот Soundscape workshop: Nature meets technology pt. 2, a непосредно пред него ќе се одржи и презентација на резултатите од самата работилница.

* * *

StJv e амбиентaлно звучно искуство од Белград составено од Игор Штанглицки (снимки/ефекти) и Марко Јевтиќ (гитара/ефекти). Главната задача на нивната музика е да предизвика релаксација и да го доведе слушателот во рамнотежа со себе и со другите. Звукот не поттикнува разговор, бидејќи поентата е ослободување од содржина која може да ја загрози таа рамнотежата. За оваа пригода ќе им се приклучи и нивниот колега Владимир Мановски, истражувач на звук и собирач на локалниот фолклор.

Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment