Monday, June 10, 2013

За или против фармацевтската индустрија со Гордана Дамјановска




„Само една од десет илјади откриени соединенија, за што се потребни седум до десет години, резултира во одобрен лек. При тоа, продажбата само на 3 од 20 одобрени нови лека обезбедуваат доволни средства за да се покријат трошоците за нивно откривање и развој. Накратко за да може иновативна фармацевтска компанија да опстане потребно е на секои пет години да открива тнр. ”blockbuster” (лек кој носи профит над милијарда долари). Понатаму, податоците од FDA (Федералната агенција за храна и лекови на САД) покажуваат надолен тренд во одобрувањето на NMEs (нови молекуларни ентитети) во 2010 година споредено со 26 во 2009 и 28 во 2008 година. Проценките укажуваат на тоа дека откривањето на NME и развојот на нов лек чини околу 1,7 милијарди долари. Земајќи во предвид дека буџетот за истражување и развој на топ петте фармацевтски компании изнесува околу 20% од нивната вкупна годишна продажба и дека само 1 од 3 одобрени нови лекови обезбедува поврат на средствата вклучувајќи ги и трошоците за неуспешните обиди во откривањето, повеќе од јасно е дека иновативната фармацевтска индустрија гледано низ призмата на загарантираниот успех е ”ризичен бизнис”.“

Консеквенците и заклучоците од извадокот на ова истражување за фармацефтската индустрија, засега ви оставаме да ги донесете сами, а ова се и дел од прашањата за кој меѓу другото ќе разговараме во денешното издание на емисијата. Понатаму, што се случува во позадина на фармацефтските компании, измислување на нови болести, дали постои лек за рак, контроверзите околу маслото од коноп, се уште некој од контроверзните прашања и теми за кој денес ќе разговараме со Гордана Дамјановска, клинички фармаколог и докторант на психофармакологија.

Понеделник, Музика и Политика, 22ч., Канал103

No comments:

Post a Comment