Музика & Политика продолжува со интензивното темпо на дискуции за актуелните политички/социјални состојби со релевантни гости и овој понеделник. Приклучувајќи се на глобалната прослава на "Роденденот на уметноста", Музика & Политика цел месец ќе разговара на теми поврзани со уметноста и политиката, а по тој повод повторно го има на гости Александар Станковски, еден од најконтроверзните мултимедијални уметници и интелектуалци на македонското уметничко и политичко миље, со кого ќе разговараме за врската помеѓу политиката и уметноста во локалниот и глобалниот контекст. Емитуваме на 103FM во Скопје или на Кanal103 насекаде низ светот преку глобалната мрежа. Понеделник 17 Јануари 22:00 часот со Тони Димитров и Јане Алтипармаков. Музика и Политика - вашиот омилен радио магазин.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment