Monday, May 21, 2012

Капитализмот во вселената

Додека на земјата минатиот век го одбележаа политичките конфликти, територијалните претензии и војните кои се водеа за завземање на физичкиот простор, во новиот век очигледно се трансформираат во економски претензии за доминација врз ресурсите кои се исцрпливи и пополека се намалуваат. Од друга страна претензиите на човекот кон вселената и нејзиното освојување постоеле отсекогаш и тоа не само за фантазирање во научната фантастика, туку пред се за престиж, а потоа и за алтернативно населување кое остана, а како стојат работите и ќе остане нереализирана. Но затоа, комерцијалните патувања во вселената пополека стануваат реалност, а најновите корпоративни тенденции подразбираат своевидна колонизација на најпрвин блиските метеорити, а потоа и прождирање на нивните богати ресурси. Најпросто тоа значи дека системот кој на земјата и покрај својата нефункционалност сеуште се обидува да опстои - капитализмот, канцерогено метастазира и надвор од неа во потрага по уште храна за исполнување на своите основни мотиви - перпетуалната комсумација и бесконечната потрошувачка. Сето тоа повлекува низа социјално/политичко/економскит консеквенци, а за нив и за вселенските истражувања и експлоатацијата на ресурситре во вселената вечерва ќе разговараме со Филип Парталковски. Музика и Политика на 103 fm или stream на kanal103.com.mk. 22 часот.

No comments:

Post a Comment