Sunday, March 4, 2012

Z Day и Zeitgeist Movement Macedonia во Музика и Политика


Zeitgeist ден и оваа година. Нешто слично како двете изминати година кога на овој ден се одбележа ова движење и се промовира неговата идеја за подобар свет, така и оваа повторно ќе се одбележи преку настан, а паралелно и во МУЗИКА и ПОЛИТИКА. Овонеделната емисија (5 март) ќе биде посветена на Zeitgeist движењето воопшто, неговото поглавје во Македонија и Zeitgeist денот кој по третпат ќе се случи во Скопје на 11 март како и секаде во светот. Во студиото ќе имаме гости од Македонското поглавје на ова движење со кој ќе продискутираме за ова движење, идејата позади него, глобалните проблеми со кој се соочува курентниот систем, економијата базирана на ресурси, проектот Венус и можните решенија кој водат кон транзиција во подобар систем. Конечно ќе ја разгледаме програмата на овогодинешниот Z ден кој ќе содржи различни аспекти кој ќе ги претстават можните алтернативи, кој ќе се случи во клубот КМЦ во Скопје, а понатака и во другите градови низ Македонија.

http://zeitgeistmk.net/

No comments:

Post a Comment