Friday, November 25, 2011

Александар Станковски во Музика и Политика


Мултимедијалноста не е и не би требало да биде само празен збор. Тоа е дефиниција за уметник кој се движи паралелно со тековите на модерното доба. Мултимедијалноста е повик, начин на живеење, па ако сакате дури и одговорност. Еден од ретките креативци кај нас, кој сосем со право и почит можат да се наречат мултимедијални е Александар Станковски. Со особено задоволство ви го најавуваме за претстојното издание на Музика и Политика со Тони Димитров и Јане Алтипармаков. Понеделник 22-24 на Канал 103.

No comments:

Post a Comment