Monday, March 7, 2011

Zeitgeist ден повторно во МУЗИКА и ПОЛИТИКА



Zeitgeist ден повторно. Нешто слично како минатата година кога на овој ден се одбележа ова движење и неговата идеја, така и оваа повторно ќе се одбележи преку пар настани, а паралелно и ние во МУЗИКА и ПОЛИТИКА. Вечерашната емисија (7 март) ќе биде посветена на Zeitgeist движењето и Zeitgeist денот кој по вторпат ќе се случи во Македонија на 13 март како и секаде во светот. Во студиото ќе имаме гости од Македонското поглавје на ова движење со кој ќе продискутираме за ова движење, идејата позади него, глобалните проблеми со кој се соочува курентниот систем, економијата базирана на ресурси, проектот Венус и можните решенија кој водат кон транзиција во подобар систем. Конечно ќе се разговара за Zeitgeist филмовите и ќе се разгледа програмата на овогодинешниот Z ден кој ќе содржи различни настани од 12 до 14 март во Скопје и Велес на различни локации. Бидете Z!

пс: подетален и поопширен разговор на овие теми во САБОТЕРИЈА на истата оваа фрекфенција!

No comments:

Post a Comment