Monday, October 11, 2010

Музика и политика со TEDx








Во "Музика и политика" овој понеделник, на 11ти октомври, во името на непрофитна организација TED Ваши и наши гости се Симон Калајџиев и Филип Парталовски. Кој се, што се, како се и каква идеа носат, проверете во 21:00.
Во меѓувреме запознајте се подобро...
TED е непрофитна организација посветена на “Идеи Вредни за Споделување“. Започна во Калифорнија пред 25 години како конференција која зближи луѓе од 3 света: технологија, забава и дизанј (оттаму и TED). Низ годините прерасна во поддржувач на идеи кои го менуваат светот преку голем број инцијативи. Годишната ТЕД конференција е срцето на TED. Таа ги поканува светските лидери во мислата и иноватцијата да ги презентираат своите идеи во 18 минути. Се оддржува на Лонг Бич, Калифорнија, а истовремено се пренесува и на Палм Спрингс. Сестринската конференција TEDGlobal започна во 2005-та, а се оддржува еднаш годишно во Оксфорд, Велика Британија. Глобалната конференција обработува теми од интернационален карактер, но во целост го задржува познатиот TED формат. Покрај нив, TED успешно го води и ТEDTalks (ted.com), потоа проектот за отворени преводи (TED Open Translation Project), годишната ТЕД награда, програмите TEDx и TEDFellows.
TEDx е програма која им овозможува на локалните заедници како училишта, фирми, библиотеки, општини, неформални групи на граѓани, па дури и индивидуи да осмислат, организираат и одржат независен настан налик на TED. TEDx-настаните може да се одржуваат на неколку нивоа, регионално, државно, градско или локално или на ниво на институција. Се разбира, конференциите може да бидат водени и од некаков слоган или мотив за генерална ориентација кој дава насока, но овозможува и широка интерпретација, иако тоа не е правило. Доколку пак, се одржува конференција на зададена тема тогаш само таа тема се разработува преку излагањата на предавачите.
TEDxSkopje е независено и самостојно организиран настан. TED ја доделува лиценцата за организирање на конференција по нивниот модел, со јасно одредени упатства, насоки и правила, како и брендот TEDx, со што настанот се вклучува во светската мрежа на TEDx-конференции. TEDx-лиценцата ги одредува строгите параметри за зачувување на извонредно ефективниот формат на самите презентации, а и конференцијата воопшто, но уште поважно е што го носи духот на TED во нашата земја.

No comments:

Post a Comment