Thursday, September 2, 2010
Поплава во понеделник
Овој понеделник во Музика и Политика очекувајте една навистина специјална личност. Дами и господа, ви го претставуваме: Зоки Поплава, или попознат како Зоки Бејбе, жива легенда на македонскиот underground, или можеби поточно higherground. Својата блескава диџеј сторија ја започнува со своја емисија како наш колега на стотретата фреквенција, за потоа да заплива и во ТВ водите со својот breakthrough, емисијата ПОПЛАВА. Еден е од првите DJ-и на underground house сцената, кој се до денес ги врти најделикатните плочи наоколу. Со најспецифичната денс музика, но и со дискусија за тоа што се случувало на оваа сцена тогаш, а што сега, кои се неговите афинитети во моментов... Зоки Бејбе во понедленик во Музика и Политика. За почеток проследете еден негов микс тука, а повеќе од него овој понеделник, 6ти септември во 21 часот. И да не повторуваме: не биди мрзлив/а, гласај Зоки да го добие тоа што го заслужува.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment