Sunday, August 8, 2010

“БЕЛИТЕ 100” @ AKTO Festival










Размислувајќи на темата поставена на АКТО фестивалот доаѓаме до неколку прашања чие одговарање е пресудно во разгледувањето на метафизиката на истата. Клучното прашање кое треба да се предочи овде е: како треба да се поставиме кон еден ваков чин – свадба? Чин кон кој секој учесник зазема различна позиција и во кој секој се однесува поинаку. Тоа е момент кој некој го сметаат за најмрачниот во животот и крај на слободата, а некој пак
... за најсветлиот момент и почеток на нова етапа во животот. Како и да се поставите, самиот чин е безмалку неизбежен и е обележан со низа карактеристики од кој неколку се клучни во неговото разгледување, како храната, облеката, гостите, поканата, локацијата и други споредни елементи...
Нашата позиција е дека можеби храната, облеката, гостите, а по некогаш и самата невеста и нејзиниот партнер не ја прават свадбата, но несомнено музиката акламативно е прифатена како обединувачка за сите учесници во тој чин, без разлика на ставот и позицијата која ја заземаат.
“БЕЛИТЕ 100” е музичко едукативен перформанс, ексклузивно подготвен за ова издание на фестивалот, преку кој ја покажуваме нашата позиција за, според нас, (нај)пресудната карактеристика на овој чин (или темата на овогодинешното издание на фестивалот) – музиката. Во него ќе ги забележите стотте песни кој можете само да посакате да ги чуете на вашиот ден С.

Подгответе се, во сабота (14ти август), на пладне... во Акто кафето Камарите. Добивате "позивници".


No comments:

Post a Comment