МУЗИКА И ПОЛИТИКА гордо претставува две гитарски сесии во живо АДИ ИМЕРИ + АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ ЗОРИН во понеделник, 14ти јуни, 21 часот на Канал 103
АДИ ИМЕРИ
Една третина на "Јаболко за даскалот" по прв пат во нашиот етер со соло перформанс. Од прва рака знаеме дека Ади има класична жанрофобија и дека стиловите се претесна состојба за него. Подеднакво третирајќи ја компонираната и импровизираната музика, Ади ќе настапи со својата класична nylon string Yamaha CG-201S гитара. Резултат? Непредвидлив.
АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ ЗОРИН Некогашниот "String Forces" член по првпат на 103ка со својот нов блуз проект "La canta troppa". Зорин има јасен правец - предвоениот акустичен блуз, таканаречениот afro american traditional folk, roots или old music... како милувате. АСЗ ќе и се посвети токму на таа атмосфера со 3 помагала - гитара, усна армоника и вокал. На репертоарот 10ина блуз стандарди, но и спиритуали. Доволно?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Je li ima neki nacin da i mi iz Beograda to vidimo? :D
ReplyDeletewww.kanal103.com.mk
ReplyDeleteYou might have to download winamp.
Greats
Maria