Showing posts with label events. Show all posts
Showing posts with label events. Show all posts

Friday, October 1, 2010

DJ Гоце old school mix


















Музика и политика тврдоглаво продолжува да врти плочи. Во понеделник, 4ти октомври, во студиото на Канал 103 угостуваме оригинал.
Кога викаш DJ на што точно мислиш? Ние викаме Гоце! За оние што не знаат, Гоце е авторот на првиот домашен микстејп (на касета, луѓе... да разјасниме), диџеј и продуцент на првиот хип хоп трипл винил на балканските простори - "Сафизам" на С.А.Ф., без резерва бескомпромисен битмејкер, најдобриот на овие простори, сеуште ја користи старата добра E-mu • SP-1200 ритам машина.
Во Музика и политика доаѓа со монструозен олдскул микс.
DJ Гоце, original beats since 1993. Word.
Понеделник во 21:00. Ајде...

Sunday, August 8, 2010

“БЕЛИТЕ 100” @ AKTO Festival










Размислувајќи на темата поставена на АКТО фестивалот доаѓаме до неколку прашања чие одговарање е пресудно во разгледувањето на метафизиката на истата. Клучното прашање кое треба да се предочи овде е: како треба да се поставиме кон еден ваков чин – свадба? Чин кон кој секој учесник зазема различна позиција и во кој секој се однесува поинаку. Тоа е момент кој некој го сметаат за најмрачниот во животот и крај на слободата, а некој пак
... за најсветлиот момент и почеток на нова етапа во животот. Како и да се поставите, самиот чин е безмалку неизбежен и е обележан со низа карактеристики од кој неколку се клучни во неговото разгледување, како храната, облеката, гостите, поканата, локацијата и други споредни елементи...
Нашата позиција е дека можеби храната, облеката, гостите, а по некогаш и самата невеста и нејзиниот партнер не ја прават свадбата, но несомнено музиката акламативно е прифатена како обединувачка за сите учесници во тој чин, без разлика на ставот и позицијата која ја заземаат.
“БЕЛИТЕ 100” е музичко едукативен перформанс, ексклузивно подготвен за ова издание на фестивалот, преку кој ја покажуваме нашата позиција за, според нас, (нај)пресудната карактеристика на овој чин (или темата на овогодинешното издание на фестивалот) – музиката. Во него ќе ги забележите стотте песни кој можете само да посакате да ги чуете на вашиот ден С.

Подгответе се, во сабота (14ти август), на пладне... во Акто кафето Камарите. Добивате "позивници".


Tuesday, May 11, 2010

DAMAR presents: MUSIC&POLITICS!

Овој четврток МУЗИКА И ПОЛИТИКА со (с)екстремен соул и хип хоп по втор пат во Дамар. За сите кој сакаат катинг еџ музичка авантура низ најсвежите музички текови, калдрмата е Вашиот подиум!



Monday, May 10, 2010

202PROJECT (fr), JULIEN BAILLOD (ch) & 111 (mk) + VJ Data @ МКЦ

Младинскиот културен центар ја отвора сезоната на "avant-garde" вечерите во Фросина. На 16ти мај во 20 часот настапуваат:

202PROJECT (Франција)
JULIEN BAILLOD (Швајцарија)
111 (МКД)
+ VJ Data (МКД)












202PROJECT / Jean Pierre Marsal
202project е човек бенд кој создава музика од 1996 година. Тој е едно од оние деца кои започнуваат бенд без воопшто да допрат инструмент. Набрзо започнува да свири во бендови и проекти, свири на гитара, пее, пишува поезија, но исто така свири клавијатура, семплува... Со 202project тој развива свој сопствен јазик со мешање блуз, електроника, бучава и експериментирање во секој можен правец, но во исто време одејќи по ист пат. Ѕид од звук и љубов. Првата 202project плоча беше издадена за Tool Box во 2003 година, a во 2005 се приклучува на Briefcaserockers (ЛА) за да ги напушти во 2008... До сега 202 има изработено повеќе од 280 песни, вклучувајќи соло албуми и колаборации. Го посетува Скопје како дел од европската турнеја.



JULIEN BAILLOD
Julien Baillod е швајцарски композитор и гитарист роден во 1972 година. По свирењето во различни пост-рок и џез-панк бендови, сега работи на различни сцени, од пост-рио до современа електронска авангарда. Во моментов работи на неколку проекти и соработки, меѓу кој соработките со Albert Marcoeur (F) ./morFrom/. (CH/NL), Ensemble Raye (CH), итн .. Био е едeн од соло проектите на Julien на кој работи од 2000 година. Овој проект говори за времето, ерозијата, спомените и реминисценциите на избришаните траги. Градење на сегашност од изминати настани. Градена врз основа на гитара и бавни бескрајни дилеи, музиката на Bio е контемплативна и хипнотичка, осцилирајќи помеѓу сладост и горчина, смиреност и анксиозност. Можеме да ја квалификуваме како pre/post drama музика. Mузичките форми на Bio може да ги споредиме со звукот и манипулациите на Ино, иако е дефинитивно современa во своето значење. Различни елементи се рециклираат одново и одново, често до полна деградација полека обликувајќи нова подлога за нова креација. Тој компонира за театар, танц и филм, а вклучен е и во современата уметност создавајќи звучни инсталации. Тој е во посета на Скопје како дел од неговата европска турнеја.



111
111 е дуо, никогаш трио... на трагите на традиционалната психоделија од 60тите, фрик џезот и пост-рок филозофијата, 111 создаваат амалгам од несекојдневни звуци. Инструментално ангажирано, дрско и против гравитацијата и логиката! Свирење од стомак. 111 се Горјан Донев на алт саксофон и Саша Павловиќ на бас.



VJ Data
ВиЏеј Дејта, шаманот на компресираните видео записи, по неколкугодишните настапи низ Африка реши да дебитира и на Европскиот континент. Ќе се претстави со спонтан и моментално инспириран, но сепак воздржан Видео Сет и Светлосни Ефекти. И Би Светлост.

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
ДОНИРАЈТЕ ГИ АРТИСТИТЕ!

Wednesday, March 24, 2010

ЧАРШИСКА МУЗИКА И СТАРА ПОЛИТИКА













Музика
и Политика во Стара чаршија. И тоа во Дамар.
Четврток, во 21.30, нови изненадувања од М&П лабораторијата.

Wednesday, March 10, 2010

M'n'P @ Indi Pub

















На ваше барање, уште едно издание на МУЗИКА И ПОЛИТИКА овој пат во Инди паб. Се чини вистинска АВАНТУРА во музика и политика ќе биде оваа петок вечер.
Пропуштете ако смеете!

Thursday, March 4, 2010

Музика и Политика @ LA KAÑA

Постои долга историја на врската помеѓу музиката и политиката. Ние веќе се осмеливме да кажеме дека музиката е изразување на емоциите, а политиката е само измама на перцепцијата. Размислуваме за политичките контексти во музиката, курентната состојба во светот, балансот помеѓу структурите на моќта, размислувавме за она што ни недостасува денес.. и за музиката секако, како наш најважен двигател. Веќе бевте со нас на сто третата фреквенција овој понеделник (а и секој од сега па натаму) од 21 до 00 часот за прв пат, додека заеднички размислувавме за постигнување на еден поинаков можен свет. Овој пат бидете во сабота (6ти март) во Ла Кања, како заедно би ги споделиле идеите за тој свет, во реално време. Прекрасната музиката ќе биде основата на нашето заедничко контемплативно патување.