Драги
слушатели, по 164 емисии, претставување на 100тина гости, уште толку проекти,
разговори на различни теми, концерти во живо, променети неколку концепти и
пуштено неброено нова музика, ве известувам дека емисијата Музика и Политика
веќе нема да се емитува на брановите на музичкото радио Канал 103. Емисијата во
последната своја инкарнација обработуваше горливи прашања од социјалниот,
културниот, политичкиот и економскиот живот на современиот човек, преку
гостувања и разговори со значајни гости од јавниот живот. Доклку постои
можност, услови и потреба, во иднина емисијата ќе се појави во нов облик или на
ново место. Минатите емисии се уште можат да се најдат во архивата, а фејсбук
страната ќе биде повремено апдејтувана возбудливи линкови.
Ви благодариме на вниманието и до
слушање.
for more music tracks, please visit vastmusic
ReplyDelete