Tuesday, April 24, 2012

#89 playlist 23. 04. 2012

Actress - Marble Plexus - R.I.P.
Moodymann - 9 Nites 2 Nowhere - Picture This
Marx Trukker - Tape Be Good To You (Dimitar Dodovski Remix) - Tape Be Good To You EP
sul.a - config - uint
akira kosemura - glassland - Grassland
sul.a - construct - uint
Max Richter - Maria, The Poet (1913) - memoryhouse
akira kosemura - petrarca - Grassland
SCSI-9 - Alphaville - Metamorphosis
Kirk Degiorgio - Divine Logic (Main Mix) - Divine Logic
Actress - R.I.P. - R.I.P.
Actress - Ascending - R.I.P.
Actress - Holy Water - R.I.P.
Akira Kosemura - hicari - Polaroid Piano
Ryuichi Sakamoto, Jaques Morelenbaum & Everton Nelson / Gustavo Santaolalla - Bibo No Aozora/Endless Flight/Babel - Babel Original Soundtrack
Nils Frahm - Corn - Explorers Club 7. Belfast- Reykjavik
Nils Frahm - For - Juno
Nils Frahm - Unter - Unter | Über

music & politics ARCHIVE

Monday, April 9, 2012

#88 playlist 09. 04. 2012


Desolate - Desolation - Celestial Light Beings
Ólafur Arnalds - The Land Of Nod - Another Happy Day OST
Sly & Robbie - Shabby Attack - Blackwood Dub
Ryan Teague - Cascades - Field Drawings
Emeralds - Double Helix - Does It Look Like I'm Here?
Desolate - Ambrosia - Celestial Light Beings
Ryan Teague - Shadow Play - Field Drawings
Kane Ikin - Short Wave Fade - Contrail
Gareth Dickson - Adrenaline - Quite A Way Away
Monotons - Happy Endings - Skopje Remixed OST
Apparat - Candil De La Calle (Fennesz Remix) - Candil de la Calle
Sly & Robbie - Frenchman Code - Blackwood Dub
Sly & Robbie - Communication Breakdown - Blackwood Dub
Desolate - Teariness Of Lemnia - Celestial Light Beings
Onmutu Mechanicks - Innocence and Purity - Phosphor EP
Claro Intelecto - Yoyeurism - Second Blood EP
Echospace - Spatialdimension (Intrusions Narcotic Intake) - Altering Illusions
Burnt Friedman - Sendou - Bokoboko
Desolate - Risen - Celestial Light Beings
Quantec - 1000 Vacuum Tubes (Live Extract) - 1000 Vacuum Tubes
Hazylujah - Too Many Ghosts - Too Many Ghosts
rhythm & sound - imprint - trace / imprint
B Mus - The Dub - Nothing As It Seems
Normal Music - The Subjective Array of Normality - Generic
hallucinator - morpheus - morpheus
Erosion - b1 - CR-16
Fourcolor - Quiet Gray 1 - As Pleat
Quantec - Unplumbed Depth - 1000 Vacuum Tubes
Linkwood Family - Miles Away (Intrusion Sunrise Dub) - Miles Away (Intrusion Dubs)
Round Five - Na Fe Throw It - Round One To Round Five
Round Five - Find A Way (Vocal plus Version) - Round One To Round Five
Round Five - New Day (Club Vocal mix) - Round One To Round Five

music & politics ARCHIVE

Monday, April 2, 2012

#87 playlist 02. 04. 2012


Sly & Robbie - Dirty Flirty - Blackwood Dub
Apparat - Candil De La Calle (Original Mix) - Candil de la Calle
Joy Orbison & Boddika - Froth - SUNKLOWUN
Sly & Robbie - Frenchman Code - Blackwood Dub
Desolate - Ambrosia - Celestial Light Beings
Telefon Tel Aviv - The Birds (Original Mix) - The Birds
Fluxion - No Man Is An Island (feat. Dennis Brown) - Traces
Sly & Robbie - Communication Breakdown - Blackwood Dub
DeepChord - Electromagnetic Dowsing (cv313 Live Rewire) - Altering Illusions
Slam - Groovelock (Echospace Detroit Mix One) - Groovelock (Deepchord / Echospace Remixes)
Morphosis - Postatomicpoetry - The Tepco Report
Quantec - 1000 Vacuum Tubes (Live Extract) - 1000 Vacuum Tubes
cv313 - Infinit-1 (Intrusion's Lost Dub) - Altering Illusions
Wax - WAX30303 A (Original Mix) - 30303
Desolate - Desolation - Celestial Light Beings
Telefon Tel Aviv - The Sky Is Black (Original Mix) - The Birds
Apparat - Candil De La Calle (Fennesz Remix) - Candil de la Calle

Ólafur Arnalds & Nils Frahm - a2 - Stare

music & politics ARCHIVE

Интервју со Тони Димитров за Утрински весник: Уметноста не е нешто кое треба да се продава










Бојан Шашевски: По настаните врзани за одбележување на десетгодишнината од концептуалната емисија „Пост глобал“ која се емитува на радиото „Канал 103“, повторно влегуваш во еден креативен, организаторски полет. Овој пат стартуваш издавачка куќа која ќе носи идентично име како и твојот радио белег. Дали етикетата „Пост глобал“ ќе продолжи да ги следи новите текови на современата електронска музика?

Тони Димитров: Веќе долго време чувствував потреба од нов канал за канализирање на моите моментални музички аспирации. По долго размислување за името на новиот „бренд“, сфатив дека тоа име, а и „брендот“ веќе постојат, па нема потреба од нешто сосема ново. Кога го слушнав демото на првото издание, кое веќе е најавено, беше пресудниот момент преку кој ја донесов конечната одлука и почнав да размислувам за техничките детали.

Како и самата емисија, така и етикетата ќе биде креативна платформа која ќе ги следи најсовремените текови на електронската музика определени според мојот вкус како критериум. Сепак ќе биде насочена на стилови и варијации на амбиент, дрон и теренски снимки кој се моите моментални интереси во музиката. Токму тоа и претставува една етикета: име кое стои позади одреден критериум, па публиката токму преку таа препознатливост ќе може и да се ориентира.

Веќе 6 изданија се во план, а со целата акција започнуваме во април.


Б Ш: Музиката која ќе биде под закрила на „Пост глобал“ единствено ќе може да се симне преку интернет. Дали овој медиум најсоодветно одговара на денешните потреби за презентирање впечатливи парчиња, а притоа и го отсликува начинот на кој живееш и чекориш низ електронската сцена?

Т Д: Музичката индустрија во смисла која ја знаевме веќе е мртва. Големите сцени кој ги пратевме веќе не постојат. Музиката конечно се ослободи од стегите на претставата за постоење на големите сцени и блокови и критиката на мејнстрим медиумите кој го формираа мислењето. Музиката се децентрализираше, сцените се расцепкаа на повеќе локални, кој конечно дојдоа до израз и станаа дел од една глобална сцена – процес што јас со еден термин го нарекувам пост глобал.

Денес веќе не постојат големи компании. Барем не за оваа сцена која мене ме интересира. Во прашање се мали етикети, со препознатлив и автентичен вкус, кој самите го одредуваат звукот и интересот, а не она што публиката или финансиите го бараат. Овие мали етикети се борат за се поквалитетен, инвентивен и свеж звук, а не за профит. Така со популаризирањето на интернетот, се искористија сите негови потенцијали за промоција на квалитетната музика, па физичките изданија се заменија со многу поедноставната и полиберална онлајн дистрибуција. Така кон почетокот на минатата декада настанаа нет етикетите кој имаа само една цел – промоција на квалитетна музика.

Пред 10 години, со претходните две етикети, се обидов со физички изданија и физичка дистрибуција, а и платени дигитални изданија и заклучив дека немам веќе волја да се бавам со маркетинг, туку само со креација. Наместо да се бавиш со музика, продукција, дизајн, во тој случај се бавиш со поштарина, царина, финансии, адвертајзинг. Така само заглибуваш во административни баналности и корпоративна бирократија, а со тоа се кочи енергијата на креативниот процес и убавината на креативниот потенцијал.

Конечно тој став, прецизно го отсликува начинот на кој живеам и противејќи се на гравитацијата на капитализмот сметам дека уметноста не е нешто кое треба да се продава. Затоа што полошо од тоа да се продава своето тело, е само продавањето на својот дух. И покрај сè, културната индустрија секако ќе продолжи да постои сè додека има публика која лизга по површината.


Б Ш: Кога сме веќе кај електронската сцена, гледана низ призмата на се она што го претставуваш преку „Пост глобал“, можеш ли да ми кажеш што се случува со македонските артисти? Колку е активен домашниот уметнички и иноваторски агенс?

Т Д: Не сум баш најсреќен по тоа прашање. Меѓутоа сепак постојат сериозно квалитетни артисти кој веќе сериозо се поставија на интернационалната сцена. Тоа се артисти кој излегуваат од рамките на конвенционалното локално размислување и индустриските рамки, па успеале да создадат инвентивен пристап или свеж звук. Тоа се основните карактеристики за добар извозен продукт, што за жал голем дел од артистите сè уште не ги сфатиле.

Големината на популацијата за малкуте сериозни артисти не е изговор. Земете го Исланд како демант, земја со популација на половина Скопје, а со толку развиена сцена и со безброј квалитетни артисти. Тие малкумина квалитетни артисти наоѓале и наоѓаат место во моите емисии еднакво како и интернационалните, затоа што и оваа локална сцена е дел од интернационалната (пост) глобална сцена. А она кое ги прави легитимни учесници во таа сцена е сличноста во пристапот.


Б Ш: Заедно со Јане Алтипармаков на „Канал 103“ ја водите радиоемисијата „Музика и политика“, која неодамна започна соработка со меѓународниот магазин „B-turn“ - база на податоци и онлајн селектор на современата Балканска и Источна Европска култура. Што точно опфаќа магазинот и каков е твојот удел?

Т Д: Последниве 20тина години сме сведоци на тенденцијата на создавање на некаков геополитички, па и културен регион кој се нарекува Југоисточна Европа. Таа тенденција за дистанцирање и разликување на Европа од својот недозреан приклучок Југоисточна Европа имаше и свои позитивни аспекти. Сепак нашата балканска различност не се манифестира само во неразвиеноста во однос на Европа, туку и во вистинската културна посебност. Тоа го докажуваше и квалитетот на екс ЈУ сцената. И денес не е ништо поразлично, само што комуникацијата помеѓу локалните сцени е многу мал. Воедначеноста на менталитетот во културна смисла го покажале бројни проекти кој вклучуваат уметници, музичари, културни работници од регионот, кој само покажуваат дека вештачката геополитичка поделба е неуспешна на културно ниво.

Еден од тие проекти е и B-turn, пред се магазин кој преку луцидни текстови ја обработува токму оваа Балканска посебност, а потоа функционира и како ахрива за културниот потенцијал на Балканот и се обраќа и на интернационалните сурфери кој се интересираат за овој наш потенцијал, од уметници и театарски работници, па се до клубови и културни простори.

Презаситеноста на публиката од сцените во големите центри го прави Балканот и Југоисточна Европа се повозбудливо место како за настапи од страна на артистите, така и за посетување од страна на публиката. Така сè повеќе артисти имаат искрена желба да настапат на пример во Белград, наместо во Берлин, каде публиката е веќе презаситена. Конечно од сè ова, произлегува дека дури е кул да се биде од Балканот.

Јас сум уредник на магазинот за Македонија, а мојата задача е преку текстови, интервјуа и рецензии да ги издвојам оние современи културни тенденции и карактеристики кој во најдобро светло би ја претставиле Македонија интернационално, како дел од Балканот, а и поширокиот регион Југоисточна Европа. Од аспект на култура можеби немаме премногу, но сепак тоа што го имаме е на сериозно ниво и имаме сериозен културен потенцијал, па според тоа сметам дека е крајно време да се дистанцираме од пејоративната смисла на зборот Балканец.



Б Ш: Дали Тони Димитров се уште чува елан за организација на нови мултимедијални фестивали, културни настани, забави, да пушта и продуцира музика, води емисии и го збогатува македонскиот воздух со инспиративни содржини?

Т Д: Локално за жал не. Кон крајот на минатата година донесов тешка одлука дека веќе нема да организирам настани од тој тип кој досега ги правев. Не затоа што немам елан, енергија и ентузијазам, туку затоа што немам услови. За да организираш настан потребно е да постои некој од другата страна кој сето тоа ќе го прими. За жал во Скопје оној од другата страна не постои. Во Скопје веќе нема публика. Нема квалитетни простори, клубови нема воопшто, младината веќе ништо не ја интересира освен површна забава. Сето тоа резултира со публика претворена во инертна аморфна маса без специфични интереси и желба за нешто ново, што е целта на овие настани.

На радио не ми е битно дали од другата страна се двајца, дваесет или двестотни, но во клуб е не само потребна, туку и нужна публика. Клубот е друга димензија на претставување на музиката, која изискува фидбек, тука не спомнувајќи ги трошоците кој се потребни за настанот. Со упорната понуда на настани на кој посетеноста е минорна, излегува дека ги тераш луѓето со сила: „Еј дојдете настанот е супер, артистот кој доаѓа од Берлин е на европска турнеја и е следното големо нешто“. А реакција нема. Не е тоа поентата. Целта на овие настани е некаква културна наобразба на оние кој ги интересира тоа, како што тоа беше случај до пред една декада кога со жар се впиваше содржината на настаните кој ги организирале нашите претходници.

Ако разговараме за причините... Социјалните медиуми (читај фејсбук) се исто така виновни за замирањето на офлајн животот. Дремењето на фејсбук навидум го заменува социјалниот живот и дава илузија на сигурност, па вие едноставно сè помалку имате потреба да излезете со вистинските пријатели (доколку сè уште ги имате) и се соочите со реалниот социјален живот. Овердозираноста пак од (претежно небитни) информации го задоволува гладот за вистински настани и содржината која тие ја нудат. Чуму концерт со странски артист, кино проекција на некој нов филм или сериозен диџеј сет со нова музика кога сето тоа може да се најде на интернет. Секако со исклучок на реалниот социјален момент на чија ентропија сме сведоци денес.

Од друга страна се поголемото ситнење на организаторите и диџеите и нивно групирање на банди, немањето дослух помеѓу нив, немање чувство за комуникација и соработка (што се главните одредници и дефиниции на сцената), желбите за профит се исто така значајни катализатори на наглиот пад на сцената. Опструкциите со кој се соочувате од страна на луѓе кој сте сметале дека се истомисленици се сè поинтензивни. А тоа не доведува до напредок на сцената, туку поделби, херметичност, секташтво, се помала публика за сите, а со тоа секако сите губат.

Конечно не се задоволувам со површно пуштање музика по кафулиња. Газдите претежно бараат да пушташ музика која ја бара публиката, чиј што интерес веќе го дефиниравме. Со тоа го спушташ и своето ниво и нивото на целата сцена. Па наместо да бидеш вистински културен критериум, кој презентира нова музика, ти си само џубокс кој ги исполнува желбите на присутните. Тоа е еднакво на тезга свирка која сите ја критикуваат, а не се ни свесни дека и самите го прават истото само со пуштање музика. Тезга диџејството стана навистина популарно во неколкуте кафулиња кој денес функционираат.

Радио-емисијата, продукцискиот ангажман и издаваштвото секогаш ќе бидат дел од мојот ангажман затоа што тие активности не се зависни од локалните услови и со нив не се обраќам само на локалната публика. Доколку понатака се создадат услови и се појави инспирација, секако дека повторно ќе организирам настани.