Ray Charles ја опишува soul музиката како “people who do things from the heart”. Баш поради тоа што ние ги правиме работите само од срце, токму таква музика и ќе пуштаме вечер во ДАМАР и тоа по втор пат на оваа локација. Ѕидовите на околната ориентална архитектура ќе бидат збогатени со проекции на видео спотови од артистите потпишани за Stones Throw лејбелот, а и голем дел од музиката ќе припадне токму на овој лејбл, како и на еклектичните фанк класици.
Дојдете од почеток како не би пропуштиле секунда од ова за нашиот град несекојдневно уживање.